бозаџија (м.)
во општиот викот се мешаат гласовите на: бозаџиите, шеќерџиите, лимунадџиите, леблебиџиите, симитчиите, салепчиите, опинчарите, качарите, јажарите, навланџиите, сарачите и разните други предмети.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Јас неа и на последниот бозаџија би ја дал, ама тебе ми е чест, комши, да знаеш.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се најде тука веднаш и бозаџија, облечен во тумани и памуклија минтан, на главата со везено ќепе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој сакаше да му предложи на Татко потрагата по заемките на занаетите и занаетчиите да ги побараат, такви какви што останале, во старата скопска чаршија до денешни дни: бакалите, берберите, бичкиите (ножарите), бозаџиите, бостанџиите, гајдаџиите, дограмаџиите, јорганџиите, казанџиите, калајџиите, касапите, кондураџиите, папуџиите, кујунџиите, терзиите, џамџиите и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)