брз (прид.)

Со нашата сегашна национална преродба ние им се спротивставуваме на другите православни Словени, како што се спротивставивме и понапред: тогаш бевме први во духовната преродба што кај нас беше бавна, а кај нив брза, сега наопаку: тогаш тие нас сакаа да нѐ достигнат и работеа со извесна тенденција и брзина, сега наопаку.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Многу е брза и подвижна.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АНТИЦА: (преку песна). Ти си спремаш брзата коња да врвиш Мене, лудо, кому ќе ме оставиш?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
КУМОТ: Доста!... Доста!... Друга! „Ти си опремаш брзата коња да врвиш...“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Свиркајќи тивко од нас се одвои Петко, пристапи до платнениот ѕид и од брз замав го расцепи со нож.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не можев да му го видам лицето но разбрав по брзото суво искашлување дека е лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште понепристапна стана широчината отколку во времето на Баждар кога кај багремите се преслија сложните Црни браќа - пет беспризорни момчиња, секој поинаков од другиот и секој сличен со другиот во брзото барање на најкус и најсигурен пат да го постигне она што го сака, она што ќе му донесе залак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беа и по малку пакосни на него, зашто тој беше најјак во борењето, најбрз во трчањето, па и најдругар на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Потоа неочекувано застанува пред брзата планинска рекичка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Брз е - се наведнува, нишани, стрела. Два грмежа, два крика, две крвави јами во телото на ноќта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Далеку удираа ситни, брзи ѕвона, виеја тешки автомобилски мотори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги има секакви - ситни како пупунци, брзи како полки, шарени како клукалци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така секогаш почнуваше он чиј крај не можеше да се согледа; сѐ имаше свој брз крај што тој и не можеше веќе да мисли ни на почетокот. И тој веќе не беше тој.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред портата на прилепскиот кадилак дотрча брзо коњаник на црн арапски коњ под седло сиот со бела пена од брзото трчање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не фолираше: лазеше со грб по стутканиот чаршав, главата му паѓаше или нозете му виснуваа а некој пршлен во нејакиот `рбетен столб молскаше со брзи кратки болки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојана чекореше со брзи чекори по патот што водеше кон Митревата куќа, стискајќи го в раце писмото тогаш дојдено од Америка, од нејзиниот Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да можат да говорат окнестите камени мостови префрлени преку брзите, бујни реки во Босна или седумте божји храма соѕидани со негови раце во различните краишта на Далмација - многу нешто би можеле да раскажат за копнежите на Аргировата душа во најубавите години на неговиот живот, кога беше полн со сила и полет, готов да ѕида и на самото морско дно, за да види светот што знае и што умее тој.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе