бркне (св.)
– „Не јаде штрк телци, а чедо, туку лели ти е страв, бркни го.“
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Немирна мисла му проблесна во бушавата глава: тој се бркна в џеб и во раката веднаш му светна ноже.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Луман се бркна во појасот и оттаму извади една шарена шамија во која нешто беше врзано. Ѝ ја подаде на Танасица.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ги извади парите од крпата каде што ги имаше завиткано и му ги даде на Лумана, а тој бркна во шамијата, извади неколку лири и му ги подаде на деда Бошка: - На, за маката.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шоферот бркна во џебот и извади динар.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Потоа бркна во своите муси шалварести бечви меѓу гајтаните каде што му беше џебот, ја напика надолу раката скоро до лактот и извади клуч.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Потоа, како допирот на нејзината половина да ја потсети на нешто, бркна во џебот од униформата и извади едно мало парче чоколада, го скрши на половина и му подаде едно од парченцата на Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Балабанов послушно бркнал во џебот и му ги дал парите што му биле неопходни за преживување во туѓина.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)