бука (ж.)
Аферим, ашколсун! Цел век ве учам на ред и чистота, туку буки и тикви учам!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
1. Вчера си појдов, наминав низ таја гора зелена под тија буки високи по ќилим сенки широки.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
— Се вратиле назад, му дале повеќе сирење од леб и го заобесиле на буката.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Даскалот во Старавина, Димо Гулушов, од три лири месецот (колку што примаше од Егзархијата како Бино во Витолишча), се поткачи на шест од патријаршијата и го мени презимето од Гулушов на Гулусис и почна децата да ги учи место: аз, буки, веде, глаголе на: алфа вита гама делта итн.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„Празна раница не чува граница“, почнаа да се читаат пароли по буките на Кравица, Петерник, Соколот и Добро Поле, изрежани со штиковите на гладните војници од оваа страна на фронтот и се зачестија „мечките“ каде што имаше Германци, а бугарските војници со „дикат“ дигаа сѐ што имаше за јадење од нивните магацини и кујни.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Буките шумолеа и како да му велеа: збогум Јакиме...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Белокорите буки бргу го скрија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Земи го Божине... Фрли го таму сред буките...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но, тој секогаш успеваше да ја однесе малку погоре со себе си и неа, малку подалеку напред меѓу буките, и тоа се продолжуваше толку долго, што тој веќе и не се сеќаваше ни како почна, што тој не можеше да предвиди ни дека еднаш ќе заврши некаде.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Патуваше Змејко со својот Чилко едно цело претпладне пат под дрвјата, често му слегуваше на коњот и го оставаше да го призачека, додека тој одеше да присобере уште некоја од црвените шумски јаготки, што зрееја по лединките крај патот, а после тој пак му скокнуваше на самарот и продолжуваше да го патува своето спокојно летно претпладневно патување под зелените крошни на високите буки, под синото небо, ишарано со бели ретки облаци...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не, тоа останало постојано тука, постојано во некакво милкање околу фатената мечка, во некакво дошепнување со неа, во некаков плач во сите негови движења и врткања околу неа, врзано за неговата стапица многу поцврсто преку млекото и преку крвта, отколку што може да се врзе за секаков синџир, врзано преку сè, што имала уште допрва да му покаже нему за животот неговата мајчица, пред да може да го остави само меѓу тие буки, во тие гори, во таа дождлива есен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
На високиот врв од една голема и висока бука, стоеше горски гулаб и гукаше: - Гугу-гу-гугу! Гугу-гу-гугу! Високо на небото леташе, се вишеше и чуруликаше чучулигата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Коњчето Дорчо беше врзано за една бука: Планински извади од чантата бележник и напиша: „Драги Тале, двајцата другари, што ги прати, дојдоа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кога се наиграа добро, командантот ги викна Трајчета и Евта настрана во буките и рече: - Трајче, има да свршиш една многу важна работа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Дури и старата сува бука одново разлиста од чудотворната песна на славејчето.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Најпосле сето измокрено и измрзнато се спушти на гранките од една одамна исушена бука.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Високи сенчести буки одеднаш се наредуваат од десната страна на патот и простираат пријатна ладовина.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Како секое гранче, секој лист, секоја бука да му враќаше одговор.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)