бунтовен (прид.)
Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се криела ли итречка игра на челникот во тој предлог да го придобие на своја страна бунтовниот имењак од прости сметки зашто верувал дека тој може да посегне со своите тешки шепи кон невидливата књазовска круна на кукулинската татковина?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кога Децата на цвеќињата ја преземаа работата во свои раце, Лири уживаше во бунтовната природа на движењето.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Зад бунтовни фрази го кријат своето неснаоѓање во светот во кој живеат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Метакот беше трн во око и на младите црвени буржујчиња кои глумеа бунтовност, а живееја во станови од 120 квадрати.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Метакот беше еден од ретките кои го чуваа бунтовниот уличен звук без да биде искорумпиран, но затоа сѐ уште немаше ниту денар.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Гледам девојчето како да ти презреало, а нејзиниот бунтовен ум како да не сака да биде сам, па бара свои следбеници.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само ваков цврст стисок е потребен за да го смири бунтовниот карактер на неговата Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, само мудрите ја имаа таа привилегија во целост да ја разберат навидум тивката, но бунтовна Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Скендербег четврт век ѝ се спротивставувал во тврдината Круја на моќната султанска војска со своите три илјади верни војници, со бунтовното албанско население.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)