бунтовнички (прид.)
Тие викаат: – Дај го ваму тој бунтовнички домазлак.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Кроеше кадијата, но не седеа со скрстени раце и бунтовничките водачи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така ги прифати и вестите за немирите, за бунтовничките дружини, за борбите во планините.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тие работи се мошне вознемирувачки и се случуваат во истото време кога и модерните примитивци, како бунтовничко движење, се во потрага по нов идентитет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ќе му кажеш ли „не“ на допирот на ветрот, кога низ тебе беснеат бунтовничките ветрови?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)