ведар (прид.)
И ветрот се повлекуваше пред мене. Пред да ја затворам зад себе вратата на својата куќа, погледнав кон студеното ведро небо и се зачудив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Вистина, класјето пак се занишаа но го кријат ланскиот траг и нѐ чекаат ведри да замирисаат вашите насмевки пак.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Но се задржа кај старците цел ден и ноќта преноќева тука во дворот под ведро небо и точно разбра дека водата во тврдината е доведена со ќумци од Беренското Чешмиче, кое е надвор од тврдината 400-500 метри, та уште утре ќе им ја запре и ќе ги принуди да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Миризбите беа во ведриот ритам што сакаше тој да го вѕида, во животот, а мечот беше таа. Таа: убавата, милата, добрата, загрижената...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ведро поколение, помисли Отец Симеон. Педагошки настроено.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Те каниме на мал излет.“ Се насмеа. Ведро поколение.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Но сепак ведрата синевина над главите успокојуваше и ги поврзуваше душите со светлиот бескрај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо со мислите е некаде на друго место, далеку од оваа строга замраченост во која ведрите утрини згаснуваат и во неговата душа се раздвижува нејасен и плаховит бунт.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога ги сложи сите делчиња од затворачот, и кога го остави настрана сето тоа, зглобено и спремно, погледна низ прозорецот и таму изнајде една вредра, месечева ноќ, во која како црни сенки, продолжуваа да се развласуваат по небото топлите јужни облаци.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, имаше во себе доста од онаа ведра зачекореност и продолжи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше тоа еден прекрасен, ведар плисок, во него можеше да заборави на сѐ друго, освен на тие свои големи и во еден миг сосема откриени дланки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Излегоа горе на полјанката. Беше тивка ведра ноќ.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И студот што се беше вселил во колибата кажуваше дека поминала една студена, ведра ноќ. Ведра, што се однесува до небото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се обидуваа на разни начини, раскажувајќи му вистински ведри случки од нивниот градски уличен или училиштен живот, по нешто и измислуваа, додаваа, но малку, барем во прво време, можеа да му помогнат на Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Но Толе и другарите убаво си повечераа оваа вечер под покрив, за разлика од другите вечери, кога вечераа под ведро небо.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во време вршење, грмна од ведро небо... Вршиме кој со што нашол: некои ги чукаат снопчињата, некои пак спрегнале крава со магаре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И кога грмна од ведро небо, луѓето подзапреа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)