весла (несв.)
Русе седи на мостето, На мостето искршено, Банџе се вози во чунчето, Во чунчето на предница: (арија) Сам си весла, сам си прави, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе, Песна пеи, лудо, сѐ за тебе Како да те, мори, граби! (арија) Бог да бие, Русе, твоја мајка, Твоја мајка, Русе, Ангелина, Што не те дава, Русе, кај што сакаш, Тук’ те дава, Русе, кај што нејќеш... (Додека Антица, потресена од песната, силно плаче, кумот расположен гордо го отресува ќесето и фрла бакшиш во дајрето).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Потиснат од она што го чу, Мече молчеше и дури не смееше ни да го погледа својот другар што молчаливо веслаше низ трските.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се слушаа нивните неспокојни, испрекинати гласови, неуморно веслаа, јуришаа кон брегот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Крадцине го испофалија момчаков, - рече едниот гардист.– Да го пуштиме да весла, а?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Проценете умно – премал сум и преслаб, Ни со суво сламче не можам да веслам.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Веќе доаѓаат, - се израдува Барбут- бег. – Ене двајца во голем чун. Веслаат кон нас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ќе веслаат на корабите, ќе ме колнат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ако ме одбиеш, бак бурда - апсаната ми е полна со околу триста ѓаури: кој не платил данок, кој е робен, кој е против Мухамеда, кој колнел Турци - е па, речеш ли жне' и не ме послушаш, сите нив ќе ги пратам да веслаат на корабите, а уште толку невини кавури ќе испратам на ангарија во Мала Азија, а во нивните куќи ќе населам Турци Анадолци!
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Јас веслав споро. Таа нешто изгледа ми зборуваше, но јас не слушав.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ало, Климе! Кротко веслајте кајчето...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
- Е Трпе бе, забораи кога до вчера веслаше кајче - зајадливо го чепна другарот Климе.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
- Веслаше кајче, а сега е бајче и жена му ја храни со лајче - се нафрли продавачот со неговите мајтапчиско римувани ускочици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Татко ми вели - колку да веслаш кајче божилакон сѐ си бегал понатаму и најсетне згаснувал во езерските води!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Рибарите и на овој сведен не ќе ги веслаат кајчињата, не ќе ги фрлаат мрежите...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)