ветрушка ж.

ветрушка (ж.)

Ветрушката пиштеше, се вртеше в круг, бегаше пред црно-белата двојка. Зад птиците во недоглед пловеше небото.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
На мала цврста лединка прскаат жолти сонца под копитата на гладот Темни концентрични тежини бујат над пејсажот зрел што плаче со искри од леб Луд виор од млади надежи сонува шарени звуци – широка песна на ветрушка Огромни товари ден лазат по долгиот пат од солзи и од смев
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
И така како што лебдам ко ветрушка, како спипиле, заспивам и под мене се отвора нешто и јас почнувам да паѓам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За разлика од оние другите, од родот на грабливците, (орлите, соколите, сојките, ветрушките, бувовите, утките, чавките, страчките) па оние од родот на полските (еребиците, дивите кокошки, дропките, тресопатките, потполошките, белоперките, чурлините, чучурлигите, полските врпчиња, дивите гулаби) па оние од родот на шумските, (кукавиците, пупунците, чукајдрвците) па и оние, слаткопојните, (славеите, трнарчињата, сколовранците, гугутките, сипките и другите) кои ги има плипотници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И така нашиот зејгора пак сам и без братска помош на поранешните свои познајници, со стремеж зацапал по мочуриштата, да фаќа со примки и стрели чапји, жерави, шлуки и галепчиња, и в поле или в планина -дропки, пчеларки, пупунци, сојки, ветрушки.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Помеѓу сламените покриви на куќите и притаените ридишта се протегала пржелика, дива неродница со мравулници, запрена со запрложен џанкарник без цут на гранките - таквите суви почви не држат на себе ни човек ни тревка. Негде со очај се гласела ветрушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над него висела на невидливи сончеви нишки црвеникава ветрушка; наслушнувала песна на кос и со остро око ги демнела движењата под себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Цела недела патуваа наваму, Чана признала во сите вагони, нигде не му го видела суратот, а и како ќе му го виде кога се крена онаа ветрушка на гаковската станица и нѐ напика во вагониве без да го измолкниме од оној проклет брлог каде го имаа сопнато ветровите на претците!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Остана таму, го заборавија човекот кога ги разотворија вагоните, како да ги збриша некоја разулавена ветрушка и ги настега во нив, замижувајќи им ги очите, затапувајќи им ги главите и така, возот свирна, исписка, како со човечки глас да се огласи и веќе никој не можеше да го запре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Еднаш Парнаџиевата го оставила прозорецот отворен, и во тој момент дотрчала ветрушката, се качила по скалите, втрчала и во собата, и сѐ испревртила.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Исчезна како ветрушка по скалите кон манастирскиот двор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Помислив: ветрушка на страста! Но веќе идниот момент се премислив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
КИРО: Ветрушки неписмени. Пцујат на царот. Креваат востанија секои два месеца.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Но за среќа навреме сфатив дека е во прашање обична ветрушка, некој вител, во кој ветерот самиот себеси се разбудува и самиот себеси се успива.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)