вилаетски (прид.)
Специјалните мерки98 преземени од солунската вилаетска власт за чување на железничките линии биле поврзани со случајот при Ангиста.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Под стража, Шатев и неколку други притворени лица биле пренесени во вилаетската управа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Солунските настани имале значаен одглас и во третиот вилаетски центар, во Скопје, но тие тука не добиле таков крвав карактер како во првите два града.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Та зошто би го сторил тоа? - размислуваше добродушно, та тој истиот Мехмед-паша и валија, го беше повикал кај себе пред три години и го направи аза пред насобраните аги и ефендии, со најшеретски зборови фалејќи го како успешен чаршиски човек, вилаетски чорбаџија, богат, со ихтибар, со чест кај каурите и Турците, умен и писмен, а најважно пак од сѐ, покорен на власта и султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)