висококатница ж.

висококатница (ж.)

И така, пристигнавме во Дармштат, на градилиштето на Институтот за вселенски истражувања, каде што „бетонците“ градат една голема висококатница. Објектот беше пред довршување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ цела Холандија, испресечена со бројни дијагонали вода, не можат да се видат извишувања, освен покривите на висококатниците, фабричките оџаци и телевизиските кули.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Штутгард не е град на облакодери и висококатници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Затоа и ателјето му беше само за в шупа, а не за висококатна мансарда со еднособен проширен стан во кој, покрај тоа, ќе живее семејство со деца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Западно од хотелот – висококатници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На нивно место изградени се нови станбени висококатници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Изгледа тука ќе никнат нови висококатници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)