витрина (ж.)
Тогаш ѝ се стори како и самата кукла да беше почестена - гордо замина во стаклената витрина.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
На големата кукла во витрината како да беше заборавила.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа полека се качи кај големата кукла во стаклената витрина, да ѝ се пожали.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Некои луѓе со часови стојат само пред султанската дијадема, со 84-каратен дијамант, сместена во една витрина, која заслепува со своите светлосни преливи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во витрините на железничката станица во Келн можат да се најдат сите југословенски дневници а само „Нова Македонија“ ја немаше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И затоа секој што застанал и зјапи во витрините на кабарињата, на бистроата, во бутките со порно литература, во кафеаните каде што се нуди само голотија, во кината каде што се екранизират порно филмови и на чии влезови, за пропаганден ефект, задолжително стои забелешка дека „гледањето на филмот е строго забрането за луѓе под 18 години“, е некој дошлак во Париз, некој турист и гостин од некоја странска замја, кој можеби дошол тука, на „Пигал“, за да каже, кога ќе се врати во својот крај, дека бил на „Пигал“, зашто се смета дека тој е еден од симболите на француската метропола.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И уште повеќе. Мислам дека можам да седнам тука, а да бидам во Сеул каде што барам ресторан во кој сервираат мали печени кучиња, тогаш заклани, каде што можеш дури и да си одбереш некое од кафезот што истовремено е и витрина и тука да ти го заколат и да ти го зготват.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Каталогот ни кажува дека Макс Бергман е германски сликар кој се сретнал со Дишан во Париз 1910 година (на изложбата, дневникот на Дишан беше изложен во истата витрина и отворен на истата страна на која е забележана нивната прва средба).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во друга витрина во истата просторија беше изложен еден предмет, досега непознат во литературата за Дишан: “bilboquet”, играчка што се користи во една детска француска игра, која се состои од дрвена прачка со украсена дрвена рачка забодена во неа.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не смееш да допуштиш да бидеш избирана. Не си предмет од витрина или на аудиција.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сретнав еден таков мајстор, беше дојден од престолнината, мислам Ресенечки се викаше: умее и витрина да обликува, и легла, а и маси и столови какви што користел само некој француски крал.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Украс на планинана, накит ставен врз сината витрина, со посебна намена да ја украсува, со што би се предизвикало чувтсво на восхит, со што би се доживела глетката.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тие не идеа како минувачи што случајно погледнале во витрината и решиле да влезат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На белините на еден лист што ми го дофрлува споменот од некоја непостоечка витрина откривам многу многу надраски.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се скршија неколку чаши што паднаа од кујнската маса; сликите закачени на ѕидовите висеа искривено; малата витрина беше изместена на средина од дневната соба и сите украси во неа беа превртени и стоеја на куп.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Споменот ја има способноста дури и на најсветлата улица, измиена до коска од бистрата сончевина, да му понуди на споменот дамнешни простории и во нив мали осветлени витрини по кои погледот шета и ги пребира необичните скапоцени предмети.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Немаше биро, немаше витрини со списи по нив, немаше дури ни телефон.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Купив нови чаши и ги поставив на кујнската маса; сликите се закачени како што треба и висат под прав агол; витрината ја истуркав во десниот агол од дневната соба и сите украсчиња ги наместив како што стоеја отсекогаш: лулето, кристалното еже, дрвеното кутиче, порцеланскиот свеќник, пепелникот од слонова коска, школките и камчињата што ги донесов од еден одмор...
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Долга жолто-сива врволица од туристи се влечкаше по долгата дубровничка улица; витрините од продавниците беа начичкани со капи украсени со ширити, со богато извезени елеци, привлекувајќи ги погледите на минувачите кои бараа евтини подароци или на оние кои бараа костим за маскенбал на брод.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)