вложи св.

вложи (св.)

107. Ваквиот развиток на работите во Македонија го согледаа и заинтересираните претенденти па ги вложија сите усилби не само да го спречат, туку и да го задушат воопшто.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Еден просветен народ може да се срамни со еден умен човек; затоа наш долг е да ги вложиме сите свои сили со своето работење да го просветиме нашиот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доста ја вложуваше сета сила и умеење што поарно да ги „исправи на нозе“ и со голема нетрпеливост чекаше да дојде и оној ден кога нејзините мечтаења ќе се збиднат, кога ќе ја види Нешка мома, Толето ерген и уште понатаму — Нешка невеста, а Толето зет крај млада невеста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не вложуваа ништо во играта и тој уште губеше додека одеше со нив низ дворот и низ тихиот ходник долг како вечност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Па тој ме тера мене да помислам често дека сите луѓе отсекогаш краделе, а тоа е онаа неговата вистина, што тој ни ја наметна на сиве, така што дури и јас речиси заборавам многу работи, што ги знаев за животот, кога мислев дека сѐ зависи од тоа колку се сака да се создаде нешто, и колку труд ќе се вложи во тоа, и колку чесност и ќе се вложи во тоа, колку чесно и ќе се сака и ќе се создава тоа, и уште колку среќа ќе се има притоа, и дека не постои ништо друго, што би можело да влијае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да се донесе едно малечко камче од Месечината, илјадници научници ги вложиле своите знаења, а илјадници работници својот труд.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Морам да се покријам“ му дојде мислата на која мораше да ѝ се потчини, да вложи напор и да се вовлече под чергите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во изведбата на Атомиумот е вложена фантастична инвентивност.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во извесни случаи пораката што ја носи оваа поговорка може да се сфати како позитивна, и малку да сториш, корисно е, и за најмалиот вложен труд, ќе бидеш награден.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како што родителот се труди да ги задоволи, колку што е можно, вашите желби, потребно е и вие да вложите напори да ги задоволите желбите на вашите родители што се однесуваат на вас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Зашто сега, кога има толку многу средства за уништување на маларичните комарци и на сите други инсекти, нема да ги коси маларијата, а со враќањето на водите, ќе им се врати и едно цело мало богатство - стопанство во кое тие ништо не вложуваа а имаа голема полза од ловот и риболовот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
XV Китан правеше напори да собере пари за да вложи кауција во судот за да дојдат експерти од Факултетот во Белград за да се направи сондажа на тлото од куќата, но никако не можеше да собере толкава сума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Судот направи пресметка колку ќе чини експертизата и побара од Китан да вложи половина од таа сума на име кауција за да може да отпочне експертизата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кралската влада вложила протест до Конференцијата на амбасадорите во Лондон.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Набргу се преселил во главниот град, и го вложил капиталот во фабрика за чоколадо, бонбони и вафли.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Всушност, целта на режимот била да ги трансформира селаните во нова работничка класа на пролетери кои ќе го вложат својот труд за создавањето на најавениот индустриски рај кој ќе овозможи најпосле новиот човек да биде господар и поседувач на природата!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според оваа концепција, подготовката го покрива времето во кое проблемот се скицира и времето во кое се вложуваат индивидуални напори да се откријат и одберат најразвиените вештини и знаења, неопходни за негово решавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На пример: Кога таткото ќе ги обезбеди издржувањето, статусот и заштитата на семејството, мајката може целосно да ги вложи своите сили во грижата за малото дете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мајката „вложува“ во своето дете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мнозина теоретичари се сложиле дека во овие дихотомии постепено е воведуван поимот уживање којшто постепено ги расточувал, кој беше слепа дамка на поранешните сериозни анализи и кој ги воведе прашањата на желба, нагон, фантазија, афективно вложување на набљудувачот итн., и го менуваше тежиштето на критичката анализа од продукцијата кон консумацијата (како поим што го заменува дотогашниот повеќе неутрален: рецепција).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе