воздивне св.

воздивне (св.)

ТЕОДОС: (Ги брише солзите и воздивнува тешко.) Оф, јас сиромав!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Воздивнав и со обете раце затропав удирајќи одвреме-навреме и со тапиот врв на чевелот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Со познатиот секојдневен негов начин ја фрли цигарата исти како и зеленикавата бубачка и воздивна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Воздивнувам, со полни гради посилно се замавнува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сум пиел, воздивна со мртва смеа на тврдите усни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тромаво се сврте кон златестото лице на поднареникот. Не сфаќајќи, ги побара под големата шајкача ситните стаоречки очи и воздивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Темницата шушкаво воздивна. - Не, одат по нас. Ни треба коњ, да го пренесеме.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Човекот се клати пред коњот. Само понекогаш ќе се заврти наведнат за да ги види зад колата босите нозе и ќе воздивне. Не од тага. Од замор, од тежина на жегата. И пак продолжува да размислува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се наведна и ги склопи очите. Не опцу и не воздивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Мене нема да ме бара! - воздивна мечето. - Таа мене не ме сака.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ох, мори Данче... Воздивнува келнерот, не кревајќи ги очите од нејзините убави нозе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ване олеснително воздивнува. Се куртули од тоа мачно слегување во подрумот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ох, мајко де!... - гласно воздивна Аргир. Како да измери праведно кого да отпушти од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ване уште еднаш олеснително воздивнува. Се спаси уште еднаш.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Другиот праша: „Како се обесила месечината на врбова гранка, Исусе?“ „Вие сте мајмуни“, воздивна. „Тешко тоа ќе го сфатите.“ Го жалеа. „Момче во болницата сѐ ќе сторат за тебе. Верувај ни, сѐ.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Грда е староста! - воздивнува жената. - Ѓаволи!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Воздивна. Сироти, сироти дождалци со волшебна и тромава фантазија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Воздивна: економ на градилиштето во некоја планина, економ меѓу камен, гуштери и ноќни ветрови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Слушаше заморно вајкање, подвикнување, кратко и грлесто воздивнување на камили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
После тргна два-трипати од цигарата, воздивна и додаде: - Ех, синко мој, бери си го умот!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Повеќе