воздишка ж.

воздишка (ж.)

Митра си ја чу пресудата. Озелене како мувлија и не можеше да најде збор да проговори, додека на Достиното лице се покажа црвенило до уши и длабока воздишка, и се симна еден голем товар од душата, но не испушти воодушевен извик.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ама и Илко не паѓа по долу, џанам, — пак се кажа Велика, и испушти една незабележителна воздишка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На сите нејзини воздишки и каења ѝ даваше кураж и ѝ ветуваше дека и таа нејзина мала Неда ќе ја пушти на училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шепоти ноќта од воздишките на мочуриштето, се стивнува пламенот. Шумоли треската.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Со воздишка на ослободеност од мори и стеги ги заборавам, нив и себеси вчерашен меѓу нив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
– Е, сега нека мрдаат како риби на песок – му се испушти на Аџијата од гради една длабока воздишка.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Олеснителна воздишка се откачи од градите на Мишко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тешка воздишка ѝ се истргна од градите. Уморено отпушти глава. - Какви деца сме, рече.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Болна воздишка му се откина од градите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секогаш априлските воздишки остануваат напреброени.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Момченцата на девојчињата можат со воздишки писма да им пишуваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиот озеленет, Бојко му се овргали на Трајка и испушти една тешка воздишка, гледајќи го овој расипан христијанин како им служи на Турците за мизерни две лири месечно и зачкрта со забите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка. — Леле, мајче ти мила!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Рута што те изнајде во сонот и те одведе во одаите со вино и те покри со знаме љубовно и те скри меѓу две воздишки на детето во сонот, те скри во гревот што го суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Квечерината ме пуштија... Жената замолкна. Пандо слушна воздишки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колку погледи, колку воздишки праќавме накај големото дрво!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој сакаше барем за миг да го почувствува допирот на нејзините прсти, топлината на нејзината воздишка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И додека немоќен, престрашен од себе, го пушташе тој грчевит звук да се излие од неговата ништожна, скршена сила, му прелета дека жената, единствената на која ѝ дозволи да ѕирне внатре, зад ѕидот, некогаш му рече дека неговата смеа е гласна воздишка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Гласна воздишка во непроѕирната ноќ.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Повеќе