вознемири (св.)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Точно предвиде момченцето. Бидејќи не беа за колење, вечерта никој не дојде да ги вознемирува.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Ви се молам, простете, господин инспекторе, дека ве вознемирувам, но невозможно ми е повеќе да издржам.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И другите од оркестарот се вознемирени: им се нарушува нешто во нивниот, од долги години установен ред во работата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носови да го сетат лошиот мирис... само тоа. Што можеме ние друго?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но денеска Танас нѐ вознемири сите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сакаше Ластовицата мирно да ја преспие ноќта на неговиот брод, никој да не ја вознемирува.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
1. Со еден жесток удар Пролетта го вознемири полето И на молитва го крена.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Се виде дека сака да каже нешто важно па Шишман тоа го вознемири и исто така се премести од едната нога на другата и камчето во неговиот џеб пак тропна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Шишман се вознемири, но не можеше да не послуша.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Французите почнаа да се вознемируваат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Како потврда на тоа доаѓаше и пукањето што онаа вечер, кога првпат завивањето на волците ја вознемири планината, дојде од зад Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За’ржа белиот пастув во дворот и од неговиот врисок Се занишаа стеблата, се вознемирија плодовите, Светнаа нејзините обетки и затреперија во ноќта Како две заумни ѕвезди.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Оттука, можеби произлегува тезата на Жорж Брак: „смислата на науката е да успокојува, на творештвото – да вознемирува.“ Се разбира: Низ – невидливото, вонвременското ...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Одненадеж потемне небото од чад што штипеше во очите, во грлото и што го вознемири дибитокот како спроти потоп та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Птиците што се засолнуваа во неа, се вознемирија; кружеа околу црквата, гракчеа панично.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тука, длабоко во каменот, се смири. Немирот на нејзиниот пријател ја вознемируваше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)