војва (несв.)
Последниве денови многу луѓе ти се војваат низ куќи?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Еда, имам јас време, вели, да му’бам мајката, ако немам, вели и пак шета низ шумата и војва од едно дрво до друго.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Веќе се пуштија патиштата и народот почна да војва.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И си војваш со нозете: поземи, подај и падни.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во подножјето од планината војваат мофашите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не стануваа веќе рано и не гледаа на работата со таква волја како порано; добитокот не го војвеа, ниту се грижеа многу за него, туку, како тој да им беше виновен: го тепаа, го колеа, го јадеа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Жаби, гуштери и змии се војваа низ него, а горе, во крошните со подгорени лисја, се надмудруваа секакви птици.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Стигнат од Истанбул со својот куфер книги, татко ми ќе се војва по балканскиот лавиринт создаден од густи граници, во потрага по излез кон Запад или кон Исток.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ако е тоа способноста да се војвам по заснежени падини за да ме изедат волците, благодарам, тоа го можеше речиси секоја огорчена будала.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)