врами св.

врами (св.)

Низ распеаната долина, врамена со свежо зелените врвови на Чукарот, Грамадна и Гола Глава, поникнуваа и се простираа, догонувајќи се едни со други, илјадници звуци.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги упатија кон висока, голема куќа со два балкона еден врз друг, целата малтерисана, бела, врамена во сини оптоки. Сигурно гурбетчиска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го гледаа езерото како на дланка, воодушевувајќи се на неговата убавина: наутро сонцето го отвораше како голем бел цвет, врамен со зеленило; тоа треперејќи на благото ветренце - се доразвиваше; кружеа галебите над него спуштајќи се да го допрат со крилјата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Касетирањето и обележувањето на наративниот тек и во овој случај е една од режисеровите непрекинати стратегии на броење или врамување (на пример, изработката на 12 цртежи во филмот „Уговорот на Цртачот“).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Парадоксот на парергоналноста е во тоа што средството за врамување, коешто ја докажува или објавува припадноста на класата, самото не е член на таа класа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Неговиот профил, делумно засолнат од дланките, териер и млада жена со боси стапала: и ми се чини дека тој таму, врамен во сликата, е сосем, сосем задоволен. Како комфорен воајер.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Околу куќарката имаше двор ограден со ѕидана авлија висока околу еден метар и со кренати ѕидани столбови меѓу кои имаше врамени жичани мрежи, сега разурнати и ’рѓосани, со малтерот испаднат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Обично во нашата детска соба, небаре за да ги бранат нашите детски животи, висеа две големи убаво врамени слики, во стакло, на Сталин и на Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Си останале тоа два света: Водите и Градот Две спротивставености на дофат Две платна што никако во еден поглед да ги врамиш.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Нечујна модификација на мртвата природа со пејсажи врамени во бесконечноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Прозорецот го врамуваше тој свет таму и ме издвојуваше во некој друг свет, од каде можев да се набљудувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш знаеше вкусно да изненади со прекрасен балкон од црно железо и свиткани лаци кој, како на високата куќа отспротива, го врамуваше небото во мрежен дезен.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)