вреднува (несв.)
Дознав дека постепено ѝ се всадувало чувство дека постојано е вреднувана од другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Забележете дека на модернистичкиот етос не му недостасува единствено почит; тој исто така позитивно ги вреднува иновациите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Медиокритетската и цмиздрава желба за сопствена потврда во очите на другите за нас не постои - постојат пределите на мислата, екстатичните полиња на дигиталната комуникација во кои секој се прифаќа и доколку воопшто се вреднува тогаш тоа се прави исклучиво според неговиот интелектуален производ.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И тој меѓу нив се чувствува како дома, го зборува нивниот јазик, ги вреднува нивните умешности и го цени нивниот труд.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но, ваквата нерамномерна оптовареност на судиите не е различно вреднувана, па сите добиваат иста [доста голема] плата – без разлика дали решаваат тешки случаи или ситни прекршоци. 307 обичниот македонски човек и работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Има кој да ме сфати. Оние што се доволно паметни, знаат да го вреднуваат квалитетот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Да творам она што можеби никогаш нема да биде вреднувано.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Нејсе, и покрај тоа што можеше да забошотува, работеше како на норма, ама тогаш трудот поинаку се вреднуваше и - оп, ново унапредување!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)