времен (прид.)
Уште во времено на февруарското руско официјално соопштение беше јасно оти Европа никојпат нема да ги задоволи во полна степен барањата на комитетот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
А тој можеше да мисли на Претседателот и на бригадирот Језекил како секогаш, наполно ослободен од времените впечатоци.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Направи пак пауза отец Иларион, отпивна од чашата, ги избриша неколкуте капки вино на брадата што блескаа како скапоцени каменчиња на светлината и пак продолжи: - Свети Софроние Ерусалимски вели дека господ при создавањето на светот ги поделил битијата на времени, минливи - тоа се неразумните, а разумните ги обдарил никогаш да не умираат и да не се распаѓаат како материите што имаат времен карактер и што се појава, а не суштина.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тоа е краткорочна, времена граната од значења фрлена преку јазичните барикади, која што го опишува способниот, вешт индивидуалец што собира знаење/комуникациска технологија и ги користи за сопствени цели - лично задоволство, заработувачка, принцип или развој.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Двете подрумчиња и онака беа врата до врата, а од другата страна, наспроти вратата за брлозите на Пелагија и Чана, во едно уште помалечко дупче, Танаско времено ја засолна својата голема тајфа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Верноста е времена, ах обичаи!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За да се олесни вработувањето на невработените лица кои потешко можат да бидат вработени, во три наврати беа донесени времени закони за поттикнување на вработувањето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Работодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да го извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот за: а) секој смртен случај; б) колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена не- способност за работа повеќе од три работни дена и в) секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ангелеска напоменува дека доколку за време на судскиот спор имаше повеќе рочишта, времени мерки и жалби против решенијата (што за нејзина среќа ги немаше) – во тој случај, судските такси и трошоци врз нејзе ќе делуваа дестимулирачки при самата помисла да тужи, бидејќи барањето правда во РМ стана привилегија само на богатите кои можат да си дозволат да ги платат скапите такси и трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена никаква времена мерка - а целиот спор, сосе судски такси и трошоци, чинеше 35.780 МКД (585 ЕУР), но оваа „скапотија“ не влијаеше дестимулирачки врз Зефиќ, затоа што таа беше решена својата правда да ја бара докрај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)