вреска (несв.)

Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И само едно не ќе можам да ви објаснам - врискаше ли Жаклин зашто ја дознав нејзината беда или зашто ја стискав околку врат, тој врат, господа, нежен и бел како морска пена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Некаде ѕвони. Малечок ѕвонам и врискам.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Не врескај, момче! - во сенчестите зеници на Џемал-ага се збра замаглина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прво се обиде да свика, и врескаше право во лицето на онаа дивинка, но таа како да остануваше глува за сите тие негови премалени викови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оној огромен Ристан, истеран, отфрлен, се меткаше по градилиштето, готов да се расплаче на секој збор, со оние свои огромни раце, што не можеа да бидат скриени никаде, толку голем, а толку ненужен, а лавот на црвеното сонце сега веќе крвавеше низ устата со некаква болна пена, врескајќи и превиткувајќи се, устрелен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Та и вие би викале вака, и вие би плачеле, би врескал до вишенебеси и јас, кога би ме исфрлил некој, гладен и сам по оваа ноќ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А откако замина брат ѝ, Васе се допре до неа и ѝ рече: - Што врескаш? Тебе ли те удри?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ама ќе го научам... - врескаше водарот и се џареше во нас. Очите му беа крвјосани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Само добитокот во дворот гласно и бунтовно врескаше и рикаше. ***
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш жената со девојчето на раце, веќе врескајќи, бегаше некаде напред.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
5. СЕ РАЗДЕНУВА И БЕЗ ПЕТЛИ ДА ПЕАТ - така што живеачката по својот пат си оди иако за од таков пат да ја скршнат неа врескаат кукуриговци на светските моди...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Циркусот ја запоседна широчината крај езерото, и тие денови во селото не се знаеше кој човек е оттука, а кој циркузант: се облекуваа и децата и возрасните во партали, се шараа во лицата со бои, редеа маски и трчаа по сокаците како василичари, скокаа, врескаа, правеа сѐ што ќе им паднеше на ум.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И вреска, ко кутнато прасенце. ־ Оф, мајко, оф леле, мајче мила, вика, кај си мори мајчице?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ е исплашено и вика, вреска, бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овој вреска, квичи и примижува со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Скокаат, врескаат, пеат, плачат, се потат и препотуваат, се дават во изобилството прав кренато од нечистото душеме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Што, можеби и не е човек, - се поплукуваа жените в пазува, па потоа врескајќи ги собираа децата околу себе како квачки и се заклучуваа дома.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе