врзоп м.

врзоп (м.)

По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ко сенки, ко сеници се точкаат: со пушки, со ќебиња, со украдени сакми, со некакви врзопи преку рамења.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полицајците ни ги растураат врзопчињата, ни ги превртуваат џебовите, а една жена си зборува: сакам да си одам, сакам да си одам!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу нас се пикнува едно момче со некое врзопче хартии под мишка и само нѐ гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со исклучок на третиот текст (кој, иако истргнат од врзопот текстови во кои се расправа за феминизмот во пост-комунизмот, дава одлична слика за феминистичките стремежи во поднебјето во кое и ние пр(о/е)живуваме), останатите текстови предочуваат дел од главните определби и настојувања на „западната“ феминистичка философија, како и нејзината поврзаност со постструктурализмот, постмодернизмот, (пост)прагматизмот, херменевтиката, феноменологијата, идеологијата, политиката.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во рацете го држеше големиот врзоп клучеви од напуштените куќи на нашите далечни и блиски членови на семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше свесен за својата грдост, за својата несмасност, еден врзоп од коски во нечиста долна облека, седи и плаче под острата бела светлина: но не можеше да запре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Г-ѓа Парсонс го донесе клучот. Винстон ја испушти водата и со гадење отстрани еден врзоп од човечка коса што ја беше затнал цевката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше вака: Пред нашиот стан, во којшто се влегува низ двојна врата, се поздравуваме со соседите додека Борко ја отклучува првата врата, па го врти врзопчето и со другиот клуч ја отвара и втората.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
(Пауза. Станува Доаѓа до излезната врата. Вади врзоп клучеви. Не може да го најде вистинскиот. Ги фрла клучевите. Само што не заплакал.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Старецот ја држи в раце свештеничката капа заедно со килибарните бројаници, додека ветрот му ја развејува проретчената коса полека отплетувајќи му го врзопот од долгите бели коси, што лабаво му трепери на тилот.  „Одете оче, засолнете се во пристанишната зграда, ќе Ве повикаме благовремено”, му рече Лука Карер на старецот во чии раце беше крстен во црквата на Св. Дионисиј, заштитникот на островот, добивајќи го името по својот дедо, но и според еден од четирите евангелисти.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во големиот врзоп записи речиси секоја страница била некогашен празник, потрага по неколкуте рајски мигови на одложеното откритие на бараната порака во непознатите страници на книгите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Прекина и откако испушти долга воздишка, го отвори долапчето и од таму извади врзоп хартии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Утре – нов ден, нова нафака: на лаѓата за Венеција ќе протнам некоја ведра песна, преку девет мориња скришем ќе испратам и врзоп карипски насмевки - само црна мачка да не ми го пресече патот кога папсана се враќам дома и си мислам дека навистина сум продавачка на синолички на плоштадот Свети Марко во Венеција.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Лесно им е на оние кои од старите наследиле врзопи дукати, а моиве ја продадоа најдобрата ораница за да го направам куќарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зад темните сенки се наѕираше врзоп светлина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Врзопчето го втисна длабоко во џебот на војничкото палто.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)