гарант (м.)

Не можеа тукутака овие кози да го запрат текот на историјата, сигурниот настап на новото социјалистичко општество, со работничката класа како нејзин главен гарант!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партијата на трудот е големиот гарант.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не би можело да има посилни гаранти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кој е тој анонимен диктатор на моите мисли, со кого јас, со силата на потписот се обврзувам да ги делам неговите чувства, да ги преземам како сопствени (не треба да се потцени тука димензијата на потписот како гарант), па станувам негово шизофренично алтер его?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ете, со ваква приказна гарант ќе станев подрачен министер за образование во периодот 1998-2002.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ама, бидејќи не е ниеден од нив, сите неуспеси на освојувачки план ги припишува на магиите фрлени од онаа, бившата негова („гарант ме врзала кај некој оџа“), па си бара помош и заштита кај еминентни и докажани, како оној што оди на Нова или ОБН... Милан Велики.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Или може да земе ама не може да најде жиранти, гаранти или авалисти.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И во очи да ја гледа дур’ ѝ ги подава, гарант ќе ги забележала.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ниту една финта не беше поголем комплимент за случајниот мувач отколку да му кажеш: „Слушај, кога те видов вечерва како влегуваш во баров, си реков ’Грешка е, гарант. Овој да не не знае дека местово е геј-бар? Нема шанса да е геј. Намерно е тука? Не ми се верува дека не е стрејт’“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)