гемија (ж.)
– „Колку за гемија, Силјане, околу нашава земја не е чаре да може да дојде, чунки бијат талазите во бреговите и околу наоколу бреговите се спили и камења.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Арно ама залудо што чекал Силјан, чунки дуовникот и сите друзите што беа во гемијата, беа се удавиле.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Ете како: откога влеговме в гемија во Солун, кога нѐ забра еден силен ветар, та кога ја спотераа талазите гемијата, една недела што ја носи силно морето и на неделата кога ја удри од едни спили, парче по парче се стори и за касметот мој ме исфрли на една штица морето на суво.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
НАЦА: Како ѓемии да му пропаднале. СПИРО: Како ѓемии по суво да влече, така оди.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Како претоварена гемија однегде доплови дебела девојка во црвен фустан, ги развлече намачканите усни и седна до него.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ќе правел железна гемија, ќе одел до онаа вода од кајшто извира сонцето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Издолжените сенки од јарболите на малите бродови и гемии ја браздеа рамната површина на пристанишниот кеј.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А еднаш, со гемии, по море, од Солун, беше ти отишле и во Стамбол за истата работ.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете зошто требало да се фрли гемијата надвор од водата!
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа било 3-4 дена пред атентатите. На гемииите, за првпат откако пред неколку години започнале да се подготуваат за атентатите, не им требало пари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
41 Според едно друго тврдење, велешките ученици, шетајќи се покрај морскиот брег на Солун, често гледале како Евреите- рибари и чунџии ги вадат гемиите надвор од морето за да ги поправат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Понекогаш погледнуваше надвор по Босфорот, по кој се влечеа гемиите упатени кон Црно Море.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Бидејќи бил богубојазлив и бил милостив, си го зел детето в гемија.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Пред заспивање чекаше да се огласи и јатси намази и дури тогаш заспиваше и самиот, и ова му стануваше, без да мисли, некој нов ред за денот и редот во куќата, и зашто со таквите знаења некако се извишуваше над сите неуки, а најмногу над Тодора која спиеше покрај него, гровната како насукана гемија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дошле на Солун и влегле во една гемија, та се упатиле за на Божигроб.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)