гладок прид.

гладок (прид.)

Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Сѐ би било фино и глатко, да овој човек освен со „тешки” зборови и патетична глума, не се дрзнал да се „ослободи” од својот проблем така што ќе ја прска публиката со својата заразена врела крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Убавото младешко лице на Мацола, налик на маска, е глатко, недофатливо, загадочно; распоредот на површините таа слика ја прави речиси апстрактна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа дава една вербална клоака која глатко тече, со убаво срочени реченици, и ситна, безопасна досетка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од тогаш па натаму разговорот течеше глатко, а на моменти стануваше и интимен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Глатка кожа, храбар изглед без дрскост, отворено лице - сето тоа го пленува раководството, особено ако градоначалникот стои со корпусот подаден напред, како во полет.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но не беше глатко и едноставно, зашто над четириесет години стегав и стеснував, а сега требаше да проширувам, според правилата на прозата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И покрај сета бесмртност трошка леб молам ('Лебот се гледа со очи!') еден добар, една добра, едно добро за душа на оној кој ја презира златната средина оној кој се чувствува удобно во сопствената природа и лебди леко, глатко глето клепка врз клепка - лебедова свила по рабовите на смртното случајно жив фанатично осамен благодарение на предрасудите за природното и вештата заблуда дека живее во заедница а не сам, самотен!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во мандатот на последнава влада и онака речиси сите закони поминуваа глатко, зошто толкава вознемиреност за ништо?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но, Јана со својот префинет вкус глатко но и културно им предочуваше дека тропаат на погрешна врата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, не одеше сѐ глатко и мазно како што претпоставуваше Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)