глинен (прид.)
Земјата е без здив. Ветрот е дух затворен во глинен сад и фрлен на песочно дно.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мил лежеше на земја - мртов; околу него парчиња од испокршени епрувети, шише со гасови, глинени садови, кварцни лампи, електрични жици, леќи, микроскопот...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Откако ќе го одминевме Театарот, стапувавме во тогашното Еврејско маало и ќе се најдевме на подножјето на блискиот рид, пред нас неочекувано се извишуваше ребресто исечената глинеста утроба на ридот во која времето длабеше низ помеките делови, особено по големите дождови и поплавите на реката, па создаваше длабоки, кривулести пештери, од кои беа изградени сегашните скривалишта за заштита од бомбардирањата и другите напади врз градот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Спининг диск-драјвовите се пентаграми, испишани со комплексни симболи, глинени плочи што го примаат „внесот“ (инпут) од „етерот“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Најстарите примери за конвенционална употреба на пишуваните симболи откриени се на глинени таблички во различни предели на Блискиот исток и југоисточна Европа и потекнуваат од периодот околу 3.500 години пред нашата ера.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Потоа ќе те сретне вториот сосед и ќе те праша дали со тебе долетуваат или сами од себе се појавуваат од земја камените глави од Месопотамија, глинените садови од долината на Нил, бронзениот лик на Ацтечкиот крал, амфората во која се криел синиот тамарис на Сафо, мермерната плоча од Анталија, црвената грутка од Долината на монасите од Кападокија, молитвениот камен од Радика во кој и сега коленичат Богомилите, црниот камен од вулканот на Санторини, или шарата со проклетствата на Перун од Ел Тепе?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ме восхитува твојот говор без аскеза
без пауза клесан ко глинен глаголски натпис
обоен и обол, со густ внатрешен
ритам на мит и лира
на плот и жедба
твоето лице ко отсутност изгребано
ко ѕидини на древни светилишта
од рески и црти
шифри и датуми
ко забранета и жигосана книга
по којашто се топела душата
и го прелевала својот акварел
не повторувајќи ниту еден
потег.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа беше специфична по обликот: одгоре течеше водата, одотворениот чеп на едно големо дрвено буре, паѓаше во една глинена врчва, жуборејќи сѐ додека не ја наполни.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тројца музичари, на излогот, во сини, глинени африкански панталони со симболи на Земја и Сонце, свиреа нешто помеѓу блуз и џез и изгледаа мирни и задоволни врз купот шарени камчиња кои Пиратот ги собирал од најблиското речно корито.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Таа стоела таму во речиси непосредна близина на неа, вкочането гледајќи во нејзината отворена челуст и во подадениот јазик, верувајќи дека тоа е мазнен метал или глинена змија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)