гнои (несв.)
И тие сиромаси не сакаа секоја есен да се селат и нови меќани да прават, ама нивните нивчиња беа кое осмак, кое шиник семе, та немаше што да гнојат, што да ораат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- И пак гноење на нивите и пак орање, вели Мирче, една работа завршуваш, и само што си се обѕрнал, - гледаш веќе друга работа те чека...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И уште ни кажа дека чупето немало шушумига, туку дека увото ѝ берело, ѝ гноело.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Интравенозната употреба може да предизвика гноење и гангрена во случај по грешка да се вшприца во артерија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)