готов (прид.)
Близ реката Вардар Близ реката Вардар има планина, При неја полјана, широка она, А в таја полјана кичеста трава, Да продумат готова с живи слова.
„Пeсни“
од Рајко Жинзифов
(1863)
Така и Силјан коњарецот, голема радост му се сврте на голема жалост, чунки од големата радост слегувајќи на земи не стори мукает да не го окрши шишето; да што рекле стари: "зла суправа – готова штета", така му се сторило и на Силјана, дека силно паднал на земи и го удрил шишето од каменот и го окршил парче по парче и водата се разлеала по каменот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Има и ќе се најдат мнозина интелигентни Македонци што се готови да си го дадат животот за интересите на својата татковина и својот народ, коишто ќе се запрашаат: што е поважно за нас Македонците – општобугарските, општосрпските, општогрчките или македонските интереси?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
87. Воопшто, тие се готови да се занимаваат со работи што бараат малку труд, но даваат голема популарност и самоувереност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
При допуштањето да се доселија готови јужнословенските народности на Балканскиот Полуостров совршено неосветлено останува прашањето за границите меѓу Бугарите и Србите, особено прашањето со какво население беа населени средновековните: Морава, Кучево и Браничево, или, со други зборови, денешното Кралство Србија?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
(Се облекува. Ги препашува редениците, го зема револверот и камата, ја нарамува пушката) Јас сум готов! (Влегува Темјана)
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Готова работа, аирлија кумство! Еве кумовите се враќаат.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ДЕПА: За таа работа ич да не берете гајле, мое гајле е тоа; само вие речете кога ќе сакате и јас сум готова...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
ЈАНКУЛА: Готови ли сте? (Се поздравува со Анѓелета, кој станува.) Добро си дошол!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
МАРА: Ништо, готови сме! Панде отиде да му ја извади зобницата на коњот и штом дојде нека ги земе пљачките и да кинисуваме.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Имај предвид за оваа работа и биди готова секој момент.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Црцалото беше готово.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Кога со тоа беше готов, со ножето изделка друго чамово дрвце, така колку да може да се протиња низ цевката.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Знаев - Пенчо најмногу мислеше на неа и беше готов на сѐ за да го привлече нејзиното внимание.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
И ете, уште на Петковден самиот тој отиде на панаѓур во Бешишта и пиша на рабош 10 товари жито, 18 овци, 22 јагниња, одделно што собра три лири и черек готови пари, толку зеде за брашно, волна, сланина што собра од селото за новиот манастир и го продаде тука в село.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Готови, везени, ткаени, плетени, кистени, од живи од умрени, лели Боца си има да си навре, шо ѝ е гајле? — велеше Тушевата невеста, покажувајќи со прст ,на Бојана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Mope, ами и време му е да е убаво, Боле, — одговори Доста, тресејќи некои од пелените на Нешка, кои требаше до утре да бидат готови ако сака да излезе со бел образ на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)