градација (ж.)
Ми беше сомнителна таа градација на чувства кон моите песни кај госпоѓата, која како да сакаше да се оправда за нешто, и ја замолив да ми ја даде Луција, да се чујам со неа, да чујам од нејзина уста нешто за песните.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)