грлест прид.

грлест (прид.)

14. КОЈ ПЕЕ НЕ МИСЛИ ЛОШО - и кој пие зло не мисли, но арно не прави, па затоа грлест со својот глас пошол во таквото отсуство на мисли да се дави... љубовта е како кашлица - од луѓето не се покрива!
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Имено, тој, Акиноскиот, што молел на Молитвена вода, сонувал дека во дворот нивни, на Акиновци, изникнало едно дрво, круша, сето начичкано со грлести круши; некои луѓе, кои тој не можел да ги распознае во сонот, така било запишано во тефтерот, влегле од Северна порта и ги исчукале крушите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во дворот на чифлигот Муслиоски израстело едно дрво, круша, турено со грлести круши, дошол некој непознат, облечен во црвено, и почнал да ги чука крушите; некои паднале а тие што останале на дрвото, станале црвосани и суви и сами од себе окапеле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тоа Јован Акиноски вака го објаснил: Крушата значи живот, зашто крушата има облик на земја, то ест зашто земјава не е тркалезна ни рамна, како што учат едни или како што учат други, туку има облик на грлеста круша, па кога ќе падне крушата на земја, значи крај на животот, значи изедначување на животот на земјата - од земја јеси и земја се сторуваш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На масата немаше ништо, никаков остаток од појадок или филџан од испиен чај, масата беше без ронка или дамка по излитената мушама, дури и без грлестата вазничка со некое од нејзиното ситно цвеќе во дворот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)