грозд (м.)
Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Шо велите вие на вој збор? Сите четворица запреа да дишат, само Нешка ги тропкаше гровчињата на крстот и весело пискаше, смеејќи се и вртејќи се на сите страни, небарем сакаше да се пофали: што подарок ѝ донесе чичко ѝ Трајко!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Потоа ѝ прати кутија локум, та дури ја дотера до сребрен синџир со гровчиња и најпосле „саватлија“ прстен, со празно место за презимето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога Трајко го извади од торбите заирето, меѓу другото светна сребрен крст со гровчиња и две прости бакарни грибнички неподресени ни со стари пари.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Златните дамки во нејзините светкави очи страсно потемнеа, се згуснаа во грозд на чедноста и не беа грев; беа зрна на опиеност, семе на непознат плод.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од таванот украсен и ишарен во средината и на четирите ќошиња со длабока, на орево дрво, изработена резба, висеа големи гроздови миск, лисиче, каланпарај и друго грозје зачувани уште од есента, повеќе за личнотија, бидејќи за јадење се пазеше во мусандрите одбрано грозје.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Беа две огромни скоро валчесто исплетени рачишта на кои и на крајниот член на дебелите прсти стоеше по една киска влакна, а обете имаа по еден набабрен зрел грозд дамари на наддланката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Јадро набабрените гроздови се гмечеа во крблите. Бочвите се полнеа со црвено вино.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Лилјаци не летаат дење, и напладне, ми вели Јон, лилјаците сега се во пештери, обесени ко гроздови за понада, ми вели, ај да копаме...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гроздови, што се вели.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Само да кинам гроздови од дробовите и да исфрлам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гледам: куќичка, лозје, во преден план лозница со натежнати гроздови... во заден план жолта корија... најобичен септемвриски пејзаж, од најобичен календар - со дванаесет месеци, за секој месец соодветен пејзаж...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не слушнавме чкрапнување, ама го слушаме како вика Не пукна! и го врти во нас, во гроздот на прозорецот, го влечи чкрапецот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И бидејќи тие зборови ги нема во ниеден јазик и кај ниеден род човечки, и бидејќи немаат значење, тие се само редица од гласови, грозд, клас од букви.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Црквата, иако со безброј свеќи по шанданите и со гроздови сијалици спуштени од кубето надолу со блескотна светлост во нив, како да беше обвиена со самрак, веројатно поради чадот од свеќите и темјанот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Та од неа грозд силен потоа ќе се роди со опојно вино во плодот, вино кое светот и ќе го опои! ***
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Лизгајќи се по рамото како по крлушки, и по мекотата на попрсјето, тој ја осети дрочната икра што трепереше во гроздови, полна густа медовина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)