гром (м.)
БОГДАН: (полека подразбира и најлосле како од гром трештен) Шта кажеш, море жено?...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Чекав да удри гром, да плисне порој, да дојде глутница седништа, за да ја покажам својата гусарска нарав, зол секогаш, сегде, кон секого.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Неочекувано удри гром. Еднаш, во недела, во куќата на коларот Дојчин писнаа сурли, бесно и непријатно зататнеа тапани.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ударот на громот ме замелуши.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сотоната, нога крива гром да му ја сотре, ги потерал пред себе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Го сочекаа кога излезе од станот и со вештина на рибари кога ја фрлаат во вода својата мрежа го сплеткаа во долг платнен оклоп, а тој, пред да се почувствува како мумија, сфати сѐ што може да сфати здрав човек и крикна, се разбесни, пожали што не му се рацете слободни со громови да ги милува ниските чела и полните бели усни, сфати дека му е наместена игра и дека е волк в стапица.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Исфрлуваше нешто од себе, а во ушите му удираа громови.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Громови ќе ја разлутат оваа насилничка тиранија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Оваа одлука ги засегна и ги погоди како гром.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
2. АКО ПРВИН НЕ СВЕТНЕ, НЕМА НИ ДА ГРМНЕ - погледнуваме наугоре во ведрото небе, во меѓувреме земјата одоздола ќе дрмне и без гром, без молња ќе се искаже себе...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И сѐ си одеше добро до оној ден кога во семејството на Профим, во неговата слога и љубов, не пукна нешто како кога одненадеж се расцепува небото и удира гром.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во долот ни секна тропотот на водениците како да преврнал дожд како да папсал гром како да свенало цвеќето по меѓите.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И наеднаш во глувата тишина на денот врз дворот почнува да јачи громот ослободен од летните окови на жегата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Можете да викате, да се лутите, да беснеете, можете да крескате, да се буните, да се смеете, можете како гром да трескате, како ѕвонец да ѕуните и чудно да ви биде, и мачно да ви биде на душа - што никој не ве слуша!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Наместо очекуваниот гром, наместо веќе познатата постапка, тој само праша: - Зошто си крадел, Кејтенов сине?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Единствено што можеше да се види во дворот беше она дрво располовено од гром и несреќната, темната Оливера Срезоска.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Не, - му рекоа, - се удави... Тој го згрчи лицето, се собра како гром да го удрил и заплака: - Ах, ах, останав без него...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)