гротескен прид.

гротескен (прид.)

ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Овој црнец е гротескен симбол залепен за ѕидот на црвениот бар „Африка“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И асоцијацијата на гротескното и монструозното придонесоа да ја замислам оваа книга како филозофска сказна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ремзи Прнаска, професор на Универзитетот „Сорбона” „Drita” Tirana,10 maj 1998 Сосем е природно, за книжевната критика и странскиот читател, романот Времето на козите на Луан Старова да биде разбран како гротескна алегорија против диктатурата која се потпираше врз насилничката идеологија, алегорија која истовремено се потпира врз балканското битие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Америка во својата идеологија на телото му го укинува правото на неговата карневалско- гротескна амбивалентност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Свесниот интелектуално гротескен мадригал на Клаудио Монтеверди само „технички“ може да се спореди со предизвикувачките „нијанси“ и со „модерните“ решенија на Моцарт, но не и по „интенцијата“, како што ни песните на Марино и Гонгора не можат да се споредат со басните на Лафонтен, а језуитскиот трактат за пробабилизмот не е можно да се спореди со ригоризмот на Порт-Ројал. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 188
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таа, на магичен начин, ја поврзува реалистичката постапка на Јован Бошковски, авторот на првата збирка раскази на македонски јазик, со некаков си урбан „фантастичен реализам” на Веспа Демонска, на пример; или, Урошевиќевата постапка на „онеобичување” со гротескната слика на градот на Ермис Лафазановски; или, налудничавото Скопје потонато во православна хистерија од Самураи на Славко Јаневски со новиот сензибилитет и урбаниот пејзаж на Буде; или, лирски снажното стареење и изумирање на нештата од расказот на Димитар Солев со осаменичкото, отуѓено и невротично „живуркање” на студентот од Ѓон на Драги Михајловски; или, Чаршијата од предземјотресно Скопје на Данило Коцевски со денешниот Битпазар од расказите на Јадранка Владова; или, фактографското отсликување на личните спомени врзани за скопското предградие на Ташко Георгиевски со александриската или „борхесовската” постапка на ерудиција која ја негува Венко Андоновски...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Трагајќи по своите, по целото семејство, пресечено на повеќе делови од границата, сакатено од диктатурата, во ова мое тажно враќање, не престануваат да ме влечат по музеите на нивните илузии и алузии, по соц-реалистички претстави со гротескни пораки, до последното умртвување на душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да не беше оваа фарса и трагично замислена, сигурно ќе беше гротескна и комична.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
До 1906 прави цртежи и карикатури за весници, а од 1907 почнува да слика во масло предимензионирани, гротескни форми и фантастична архитектура.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како оној гротескен идеал на примитивната народна педагогија - „држи се до златната средина“ - кој не само што ја осигуруваше репродукцијата на социјалниот конформизам туку секогаш одново го откриваше и количеството страв што го следеше секој акт на социјализација на поединецот, да станал општоважечко регулативно начело за сите протагонисти на општествената стварност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Гротескна беше таа сцена: јас и тој во прегратка, токму под оревот под кој пред неколку минути беше Луција со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И со трагично - гротескни акорди во пејзажот на смртта...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја изведов точката беспрекорно; на еден необично, гротескно висок кревет, што го бевме направиле специјално за таа намена, лежеа, во прегратка Луција и Земанек, а јас со скалата, потпрена на ништо, во воздух, се обидував да се качам и да видам што прават; јас бев, наводно, глупавиот сопруг на Луција, а Земанек нејзиниот љубовник. Луција П беше Петрунела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Публиката паѓаше од смеа; беше пазуза, сите јадеа пуканки, пиеја „Кока-кола“, но се смееја; на еден голем, висок кревет, лежеа Ина и аѓутантот, и божем водеа љубов, со гротескни движења под една покривка; јас се качував, сакав да ги фатам на дело, но никако не ми успеваше: скалите стоеја во воздухот, јас ќе се качев до врвот и потем, кога требаше да ја ставам раката над очите и да видам, одеднаш ќе сјурев надолу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа е толку смешна, толку гротескна историја и потребен е навистина сериозен напор и идеолошки занес за да им се замерат толку луѓето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А од друга страна на „Талантот” на Маркоска, јасно се гледа чудесниот надреалистички профил на поетскиот двојник, во простор-времето на „гротесктната судбина”, посветена на Данил Хармс, каде фантастично кореспондира со својот поетски роднина и варирајќи го неговиот расказ за Лазар (првовоскреснатиот), буквално го допира исчашениот универзум на Хармс, со една сардонична леснотија на „баналното полупостоење”, поентирајќи:
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Околу тиранинот ќе се создаде свита која ќе биде измачувана од истата страст и амбиција - да се владее, со или без тиранинот, да се стане дел од една гротескна процесија која ја инструментализира немоќта на тиранинот, нагризен од амбицијата на вечното владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ќе создаде гротескни ситуации, кога неговите потенцијални наследници ќе учествуваат во невидени сцени на еден театар на апсурдот во играта со немоќниот владетел!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе