гуши (несв.)
Да се покажеме достојни нивни потомци: да им ги зачуваме славните имиња и да го зачудиме светот со нашата храброст, умешност и самопожртвуваност; да го отресеме од себе срамниот јарем што нѐ гуши пет века…”
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со заби го гушев липањето на твоите усни; тие беа набрекнати од болка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не ја извади запалената цигара од уста и гледаше пред себе во блокот и во него, редум, сѐ додека не му ја разбранува лутата крв што се качуваше од нозе: ги напнуваше градите, го гушеше, удираше со глава и го ослепуваше.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Она 'ржење сега беше доста далечку, но веднаш тука, зад штицата од вратата, некој збивташе, некој се гушеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Набргу веќе не можеше да стори ништо друго, освен да се повлече на крајот од своите ветки и уште само да гледа како дебелиот пар од другата страна се престорува во една црвено-зеленикава грутка зазрачена жар, што го печеше со својата топлина и го гушеше со густите лути клопчиња чад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога не можеше да направи ни еден чекор понатаму, кога се спружи, гушејќи се во својот здив, долу, на работ од шумата, со која се граничеше Белата Долина, и кога остана легнат, со лицето во снегот, можеше само уште да слуша и уште да продолжува да биде свесен за тоа пуфтање на стапките зад него.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
43. НА ОРТОМА ТАА ПРОСО СУШИ - а на телевизорот кога цигара се пуши својот маж со своето сврдле го буши: отвори го прозорецот, овој дим ме гуши...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Кога ме разбуди некакво страшно тропотење, ги отворив очите и прво што видов беа парчиња малтер што паѓаа од таванот и ѕидовите и почувствував дека нешто ме гуши.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Повторно, без да сака, му се јави истото она чувство на губење воздух. Градот го гушеше.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Ме сковал ледот И мене и брегот, во тешка зима Ме гуши ледот, ме леди снегот Во леден свет од мори и чуда.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Причините за смрт се разни: кога се земаат на опасни места, како на пример врвови на згради; при давење од сопствената повраќаница или при гушење со пластична вреќа која што се употребува за вдишување на гасовите и се става преку глава.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Во некои примитивни култури, мажите изведуваат ритуали, со кои му се приближуваат на гушењето за да постигнат ерекција.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Гушењето, исто така, е поврзано со тешкото дишење и сексуалното задоволување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Малечката сега се смее. Пак почнува да се гуши.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Воспаление е, се разбира... ја засмевам. Се гуши. Ја успокојувам мајката.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На Џарман му беа потребни неколку недели да го прифати фактот за присуството на вирусот во сопственото тело.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Некои родители свесно го гушат ликовниот порив кај своите чеда плашејќи се од несигурната иднина на уметничката професија.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дали се работеше за заговор да се умртви душата на народот, односно разобличи неговиот идентитет, од некоја друга над Централа, на која слепо и немо му беше подредена овдешната под Централа, која сега по излегувањето од прегратката „на големиот брат”, се гушеше од самата себе.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Скарата ја гуши но ѝ дава смисла.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Родени се во времето на Втората светска војна, растат во времето на Хувер и Макарти, постарите браќа им се регрутирани во Кореја, мајките ги учат дека е срамота да се врти со колкови и да носиш тесни панталони, татковците ги учат дека е срамота да имаш црнец-другар, свештениците ги гушат да клечат на колена секоја пред својот тотем, општеството ги учи дека треба да станат домаќинки и да бидат верни сопруги што ќе израѓаат еден куп деца што ќе гинат по Виетнам - а тие се маѓепсани од Елвис, којшто заводливо врти со колковите, маѓепсани се од Џери Ли Луис и неговите тесни панталони со набабрен шлиц, маѓепсани се од црнецот Литл Ричард кога вели уап-баба-луба-би-ба-буп... и ете, затоа вриштат, затоа што им го бранат сето она што душата им го бара!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)