даровит (прид.)
Слепиот Тимон им викаше на луѓето: „Работата гледајте си ја, луѓе: не одете по умот нивни, зашто ќе ви го однесат; и персискиот цар не видел аир од нив: за да им го олесни тешкиот живот на луѓето, побарал од царот на Индија да му испрати даровити музиканти што ќе го веселат народот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога тој ја преземал власта над веќе распаѓачкото царство, имал дваесет и четири години, бил мошне чувствителен, даровит и доволно образован „романтичар“, еден од оние „проблематични“ младешки ликови од галеријата ликови на Понтормо.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Чуден и даровит беше мојот другар Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Што се однесува до загатката од белешката „Кон расказите“ од првото издание „охрабрен од еден опитен прозаист“ посочувам: тоа беше даровитиот Венко Андоновски, кој, во еден творечки разговор во мојот „Кафез“ во Нерези, ми го подаде моливот за да го напишам ова што денеска го читате.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се разбира, станува збор за дела на даровити автори на кои зборовите им се поклонуваат и подредуваат по законитостите на книжевната убавина.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)