два-тројца бр.

два-тројца (бр.)

Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Вие сте каури-рисјани и како такви ќе можете тептил да одите во тој змијарник и да разберете само две работи: кои се водачите освен оние поповите и два-тројца што ги знаеме веќе и каде е нивната слаба страна за да ги победиме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А таа пустина е силна и луда, та одвај два-тројца се спасија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патем ни умреа уште два-тројца. И ги испративме со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Жените се наведнуваа, се наведна и Роден Мегленоски, се наведна и Дуко Вендија, се наведнаа уште два-тројца старци и сите заграбуваа земја меѓу прстите и фрлаа врз моштите од Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе пречекорам двајца-тројца и ќе запрам со дишењето, ќе го поткинам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога тргнав со мртовечкиот сандак во приколката, зад мене тргнаа и два џипа со по два-тројца внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кочо ги позна војниците од крчмата, а освен нив беше се качиле уште два-тројца, и само една жена, наметната со шал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
АНГЕЛЕ: Ај тогаш со здравје. (Легнува.) Можевме да викнеме уште два-тројца овде. Има место.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)