двокатен (прид.)
Се обиде да патува кон соништа во оној час кога месецот се откачи од еден прозорец на двокатниот сандак и отплови нечујно влечејќи го по себе зракот, тој свој бел разбојнички појас.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Затворот се состоеше од четири двокатни и две приземни камени згради.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш по улицата доаѓа голем двокатен автобус, црвен како во црвениот албум во татковата работна соба.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Пред големите тркала на црвениот двокатен автобус стои дете, големо само колку нив, вкочането и жолто како зрел лимон.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сеќавањето може да започне како бајка: некогаш, во еден град, на број шест на калдрмираното, слепо сокаче, зад свежо бојадисаната зелена, дрвена порта, во двокатна куќа окружена со расцутени дрвја, живееше мајсторот сајџија, почитуван од целата чаршија.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
III Живеевме во срцето на Козар маало, во стара двокатна куќа крај реката, во низата градби според отоманските архитектонски урнеци од почетокот на веков, со видливи европски примеси.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Одеше по калдрмисана улица со мали двокатни куќи, со издадени врати кои излегуваа директно на тротоарот и кои на чуден начин потсетуваа на дупки на стаорци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред нив се најде некаква широчинка, нешто како полена, сретсело, низи од долги двокатни куќи од едната и од другата страна и бидејќи токму таму ги поклопи црнината на ноќта, џамовите лснуваа со таинствена жолта светлина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тој ја памети Струмица кога гратчето се сведуваше на општинската зграда во центарот и двокатното полуруинирано хотелче, со стрмни скали однадвор, со заедничка чешма со студена вода покрај нужникот со дрвена врата што тешко се затвораше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А вистина е дека во тие моменти се чувствувам како да сум во Лондон особено во моментите кога двокатниот автобус го прави оној свечен круг по Градскиот плоштад.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Студентите спијат тука, одделно машките одделно женските, на двокатни кревети како во кушет - вагони.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се стемни додека ги исшета само неколку од четириесетте, појде од Тахта-кале маалото, па по Капан-џаде и Гази-Лала, слезе на Карадак и Кебир Челеби, а додека севезден се ѕвереше нагоре, небаре од ова или она ќоше на сокаците ќе го види туљбето на Гази Баба, снегот редеше и редеше, и врз неговите опинци и опутите, и врз клепките, ушите завиткани во шал, така и врз керамидите на куќите што му се бендисаа, убави куќи, ниски и двокатни, градени цврсто од тврд керпич, од чии пенџериња го гледаа вцрвенети детски обравчиња што крцкаат оревчиња, а лушпите не ги фрлаат надвор, преку џамот, туку ги собираат и метат како што е редот на чистотата и како што игуменот ги подучуваше во манастирот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На периферијата на градот, опкружена со високи борови, во заборав стои некогашната италијанска двокатна болница во која спас од раните најдоа илјадници македонски и грчки момчиња и моми, борци на Демократската армија Грција.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од двете страни на бетонската патека што води до влезната врата на двокатната куќа, во два редови - расцветани тренданфили.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Куќите беа двокатни. До првиот кат беа градени од камен, а погоре од штици. Така ги паметиме.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)