дезертира (св. и несв.)
„А, дезертираш, мамето твое...” свика постариот војник и почна да пука по него. Трчаше по него и пукаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
— Сакаше да дезертираш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Според еден член на британската воена мисија Perseverance Кларк „првата бригада го беше презела овој марш да го развее партизанското знаме и да се обиде да добие регрути кои тие мислеа постојат таму, како и да го охрабри дезертирањето од бугарската армија“.115
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Мислам, ќе ги претепаш ти хипиците што демонстрираат, ќе ги уапсиш и пацифистите што дезертираат, ќе ги изолираш и битниците што подбуцнуваат - ама што да правиш дома со ќерка ти што завива ко мачка пред парење?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Имаме закон според кој на тие што дезертираат им се одзема целиот недвижен и движен имот. Значи куќа, стока и друго...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога се враќаа; едно време Ставре го немаше. Помислија дека дезертира. Ама не.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Па како да ти кажам, Ѓорѓевице... Не знам колку е вистина, ама се слушна и тоа стигна до народната власт, дека Васил ваш, дезертирал, значи избегал и...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)