делотворен прид.

делотворен (прид.)

Иако овие костими се хиперболични, анахрони и неконзистентни - зошто еден војвода од Милано би носел капа на венецијански гроф, или неаполски благородник би носел холандска наметка? - тие се метафорично делотворни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Според Саркањац, со забрзувањето на општеството, особено со зголемувањето на идиосинкратичноста на читањето на идеологијата од страна на субјективитетот, сѐ помали се шансите на идеологијата да го пронајде „идеопластичниот“ поединец, нејзината делотворност се намалува, и таа сѐ повеќе се доближува до царството на „чистата идеологија“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Технологијата на виртуелната реалност овозможува убедливо чувство на целосно движење, со податочната ракавица е стимулиран и допирот, се работи за право пробување и населување на виртуелноста (уметнички кодирана); посебно делотворни се движењата (излети) за сликите, симболите и зборовите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Модерната уметност сѐ уште не го надвладеала сукобот предизвикан од брзата и делотворна асимилација на историските авангардни движења во системите на тоталитарните држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Освен тоа, за да се биде делотворен, било неопходно да се биде способен за учење од минатото, што значи да се има колку-толку точна претстава за тоа што се случило во минатото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Делотворноста, дури и воената делотворност, не е повеќе потребна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој што е посматрач однадвор може само да претпоставува, а единствениот што е внатре не може ништо да каже зашто ќе изгори - како што прегорува дивиот белутрак суво нареден како одвнатре изѕидана варница во делотворен варовник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Освен храната и искачањето, она што останало као поим за квалитет се и кондурите од Пеко што се носат по 15 години, оделата Мура, делотворниот Лексилиум, Рашица џемпери, чорапи 5 за 100, сендвич ѕид со петка тервол, мушки гаќи 3 за 100...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Турскиот амбасадор во Тунис, Муарем Тунчер, иако навлезен длабоко во деветтата деценија од животот, денес патувачки амбасадор, ми раскажуваше, на времето во Тунис дека постоел обичај наследен уште од Отоманската империја, министерот за надворешни работи да ги повикува еднаш месечно сите поранешни амбасадори на ручек, за да се искажат за надворешната политика на земјата, од позицијата и искуството во земјата во која служеле амбасадорите, а кое сѐ уште можело да биде делотворно за интересите на земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој се дал на вежбање со тегови, додека доблерот за мерење притисок му е закачен како поштарско торбиче, прави склекови со „Космодиск“ на грбот и малиот дел закачен на ’рбетот кој изгледа шашаво, но е делотворен.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)