депресија (ж.)
Виде отец Иларион дека љубовната болка силно ѝ ја разнебитила душата, ја разорила, и ѝ читаше молитви за да ја успокои, да ја оттргне од депресијата, за да може да се совземе, да ги оттргне мислите од тоа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Докторите продолжија и понатаму да ги препишуваат слободно, со нив лекувајќи - од разни депресии до диети за добивање во тежина, со што само ја зголемија нивната рекреативна употреба, посебно на амфетамините Дринамил (пурпурни срца или сини), Декседрин (дексијс), и Дурофет (црни бомбардери) кои ги преплавија улиците и црниот пазар. 1964.година, после вревата што ја кренаа медиумите, илегалното поседување на амфетамините стана казниво со закон.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Негативни искуства: Некои корисници доживуваат депресија, мамурлак и главоболки кога ќе престанат ефектите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Личност која е духовно сиромашна, соочена под дејство на дрога со своето вистинско лице, може да падне во депресија, бидејќи не може да ја прифати вистината којашто го навредува нејзиното самољубие и замислената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бев депримиран, и, глупаво, за да ја избегнам депресијата, многу пиев.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ги навива речениците: - Секое тело кое ротира подложно е на депресии.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тука е можноста за употреба на наркотици, стимуланси, седативи, транквилизери за да го потиснат спознанието за сопствената депресија, да му го „подобрат” апетитот, или да му „помогнат” да заспие.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
• Господине Станковски, чувствувам дека претерав со мрачниот тон, па повелете, немотивирано шприцнете им малку недепресивна енергија на полетните читатели на Маргина што со депресија се хранат ко волкот со Црвенкапа и трите прасиња.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Само што излезе, се врати постојаното чувство на депресија. До кога ова понижување?...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Ве молам, кога ќе се врати Луција на училиште, внимавајте малку на неа; знаете, таа е во еден вид депресија; мислам дека тешко се снаоѓа; некој од класот ја навредил со некое ливче-шеталче по класот и напишал нешто недостојно за неа; замислете, има луѓе кои и тоа го прават, па за жените пишуваат гадости; не се сите како Вас па да им испраќаат рози во песни“;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го доживеа крајот на светот. Доби несовладливо чувство на задушување што брзо премина во депресија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Освен, се разбира, и лековите, аналгините, диуретиците, витамините и седативите, кои сам си ги препишуваше и ги голташе со грстови, за главата, за срцето, за џигерот, за желудникот, за нервите, со што ќе најдеше во чашата - од вода до вино преку ракија - борејќи се против несоница, депресија и безволие, воопшто од безизлез.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
ЈАКОВ: Ги затворила очите. Депресија. Логичен производ на ваква родителска комбинација.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Депресија: попладне
Кога влегува во подземното легло
ја затвора вратата подраматично
од Мадам Шоша во санаториумот на
Волшебната планина
гротлото на растревоженоста е
преполно
жешки, ли-з-гави капки
се прелеваат
низ креветот
се подлизнува и паѓа
под нозете
без тло, одлепено
се покрива целосно
лицето два пати
- никој да не ја гледа.
Мижејќи, создава привид
на невидливост.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Пеколот секој сам
си го бира !
Ја обзема чувство на изнуденост:
софистицирана уцена
маскирани киднапери
препознатлив
глас.
Депресија: доцна попладне
Наместо топла попладневна
дремка
во неа
без остаток
се влива
тегоба со нагон на повраќање
небаре влегува низ подотворени порти
- дома, а дома
цибрина
треска
изѕемнина.
Има хронична несоница.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На неговите крици се надоврзуваат терапевтските телефонски шепотења на комшиката Џун, којашто на својот балкон хонорарно работи како хотлајн социјален работник за опслужување на екстремно загрозени единки на работ на депресијата.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Низ историјата, тие не потклекнаа пред ниедно ропство, не паѓаа во депресија, а згора на тоа умееја да ги сочуваат македонските традиции, обичаи, верни беа на македонската носија, при тоа цело време го говореа македонскиот јазик!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зуи внатре
шармантниот шум на душата
ја влече назад
но таа
по сѐ изгледа
ќе стане од леглото и
- по кој знае кој пат -
ќе се врати во стварноста
без лажна
надеж.
За жал, добата на
лесно
самозаблудување
за неа
е далечно
Минато.
Депресија: квечерина
Раз-сони се.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)