дере (несв.)

Бегот те дере со десеток и со други давачки, па полјакот, па заптии...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
САВЕТКА: Што рекол некој, „едни коли други дери“ со девојчињата и не мрднува!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Што се дереш ... Онесвести се човек од твоје викање...
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Тој „човек" на којшто не требаше „да му се дери кожата“ ѝ беше поблизок од татко ѝ и таа се стави во негова одбрана против родениот татко како пред неколку дена против мајка си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А таа откако се сети оти пак ќе треба долни крај да „дере јарци“ само на тоа мислеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дојде дури и до разговор меѓу кадијата и поп Јакова преку портата и се разбраа дека на Турчин вера не се дава. – Ние сме ви во стапицата – му рече попот на кадијата, фатете нѐ, дерете нѐ, бесете нѐ, печете нѐ, а сами да се фрлиме во вашите вилици никогаш.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кадијата чкртна со забите и му се заколна во големиот Алах дека ако го фати навистина ќе го дере и пече...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Коли, беси, дери, печи, сѐ што сакаш прави, ама тоа НЕ!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И со лице искривено од нервен пристап Арсо се стрчува кон дупката, дерејќи се вон себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но гласот на Глигор му ги дереше ушите и ги гонеше магловините од неговата свест и ја разголуваше болката за нешто загубено без што овде е штуро и неподносливо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И нели кучињата постојано навечер се дерат по некого? Да!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Умрените овци дедо му ги дереше, а со месото ги хранеше кучињата, но и од самата помисла да се зафати за такво нешто, на Бојан му стануваше лошо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но тоа Арслана уште повеќе го раздразни и почна да се дере на него и да мава со камшикот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По него стана и Куле, но додека тие се фатија за рачиците, Адем се створи пред воловите и почна да се дере: — Што лежите, бре магариња стари, што сте остајле волојте сред угар, а вие лежите на тревата, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Што ќе му прави: ќе го дере, велеа некои.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Па и тоа да бевме, пак ќе знаевме чиј сме, ќе си го знаевме стопанот, му велам, се дерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се дерам, а во себе, си мислам, мајката, што стана од овој човек, кај отиде неговата лутина, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, го обесивме на чингелот, под тремот и го дере Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе