десно прил.
десен прид.

десно (прил.)

Но за да се исполнат нивните егоистички планови за убава служба, тие се готови да се покажат повеќе Бугари од самите Бугари, да играат улога на бугарски шовинисти, со неа да ги експлоатираат и бугарскиот кнез и интересите на Македонија, и на бугарскиот народ и на европското општествено мислење, со еден збор, да лажат и на десно и на лево, под вид дека исполнуваат некаков патриотски долг, а всушност да добијат служба, власт и популарност.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом македонската интелигентна емиграција се состои главно од такви лица што си ги имаат соединето своите интереси со Бугарија и се оближуваат околу бугарскиот кнез, којшто по ќеифот си ги клава и си ги симиња министрите и којшто може да постави за министри не само луѓе што имаат малку популарност сред бугарскиот народ, но и такви што воопшто немаат партија и се „независни“, т.е „и тука го клаваат и таму го клаваат”, – штом имаме луѓе што мислат оти главното достоинство на човекот е не чесно да му служи на својот народ, ами да итрува, т.е. да лаже и десно и лево, – тогаш природно е оти новото течење во развивањето на националното самосознание на Македонците нема да сретне поддршка во нашата емиграција во Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во дното и десно врати: првата води во салонот, а втората во спалната.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Кога завесата се крева, десно веќе седнала мала група печалбари, прва пристигната на местото на разделбата; седат, пијат и замислено пеат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Вратата десно води надвор, левата води во другата соба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Стариот Циганин не пушта од рака таков лов, таков гопем крап. (Од десно се слушаат гласови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Лево врата за соба, десно два прозорци, кои гледаат на улица.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПРВА ПОЈАВА АРСО АРСО: (Седи под оревот, пуши, гледа десно загрижен и огорчен.) Не можам да го гледам како заѕиркува во секоја прачка...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Назад десно, двокрилна врата, а лево соба подигната во која се влегува по неколку скали.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Салон лево и десно врата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По патот одеа можеби пол час, а по тоа наеднаш скршнаа десно, низ пченките, право накај блатото што блескаше на сонцето среде поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Меѓу два реда сиви и нерамни куќи пијано расфрлени лево и десно од улицата почнуваше театар.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тука дедот Ристе се поднасмевна и се опули лево и десно да види как помина оваа негова шега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од прагот на училиштето та дури до излегување не креваше очи да погледа ни лево ни десно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Селаните се размрдаа лево и десно и сите погледнаа во Доста Рожденката, која веќе ја криеше главата од погледите да не ѝ се насмеат уште тука, в очи, во првиот судбоносен момент.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Какос сега - лево десно, од ѕид до ѕид, од бандера до бандера, со една боја пред очите, со еден шум во себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќе