дивен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дивни се твоите приказни, ми рече. Сонуваш ли како што расправаш? праша. Кажи сонуваш ли?
        
      
    
    
    
      „Две Марии“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И се насмевна со темна пакост на усните:  „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дефинитивно, ја сфаќаше вистината. Не можеше едниот да го остави, заради другиот, кој и да беше тој еден и кој да беше тој друг. „Дивна е нашата игра,“ ѝ рече еднаш гаменот.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Попусто,  Ниту е доба пред цветање  Ниту пак нешто гасне:  Некое темно ѕвоно  Ја опустоши нашата срж  И дивна усама околу се ниша.
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          6. Од праискони некое темно ѕвоно  Ја опустоши нашата срж  И во предел на дивна усама нѐ всели.
        
      
    
    
    
      „Камена“
         од Анте Поповски 
        (1972)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Покрај авторите и книгите што ги набројав погоре, безброј геј- мажи напишале учени, занимливи, дивни подробни студии за холивудската кинематографија, за бродвејскиот мјузикл, за великата опера, за класичната и за популарната музика, за стилот и за модата, за внатрешното уредување и за архитектурата.
        
      
    
    
    
      „Како да се биде геј“
         од Дејвид Халперин 
        (2019)