дизгин (м.)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
А гајдата има рекам, вели, гајдата има нагорници и свиоци, вели, гајдата има чапрази и дизгини само јас кога свирам...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Варзилото сам им го беше донел од бојаџиската чаршија на Тодора, на Паунка, и на мајката Јана, а кромидовите лушпи и цутовите од лутиче сам ги слупи и ги набра, и сѐ се радуваше дека жените ќе се зближат во радосното вапцување, а Тодора ќе ги отпушти дизгините.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Конечно, најдобро е ако се стави јаремот, а дизгините да му ги препушти на друг.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Секогаш сакаше дизгините таа да ги држи во своите раце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А ти, како да си ги испуштил дизгините од рацете, ми зборуваше.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)