дикел (м.)
Земи го дикелот и појди на крајното лозје, кај карпата да покопаш. Ама убаво, подлабоко. Што, не ти се оди?
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А за срп, решето, вила, мотика дикел ич да не ѝ речиш.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите. Со ред: јас сечи напред, Мирче раскопачувај по мене, а Велика влечкај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дикли и лопати, уште неза’рѓани, стоеја надвор, на отворено. Борини.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)