димен (прид.)
Ниту димните замаглавања со ди-дити емулзијата не можеа да ги ослободат луѓето од оваа напаст.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
1. Скриен во сонет како во сонот, Римуван, а неразбран, На пусија дочекан, гонет Од стин и троглави змии, Занесен, во сонот изгубен, сет Изѕемнет, поцрнет од рими, Од своите луди посестрими И од аждери- ѕверки, душодерки; Сонет, недосонет, буден Слуден и студен од мори, Сосема сам, над димни гори, Фатен во тешко оро Со студот и со зборот, Од темни ноќи, до бели зори.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Се спуштиле од своите небесни канцеларии-организери на земја и испуштаат во воздухот мали димни крукчиња хаос.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ама, пак е грав! Па, нека е и со димено месо!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Полните димови што излегуваа од нејзината уста создаваа димна завеса зад која се криеше нејзиниот аветски лик.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)