диспозитив (м.)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
По приемот на писмената пресуда,4 МВР – кое го изгуби спорот, незадоволно од диспозитивот на пресудата, поднесува жалба до надлежниот Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, пак, жалбата на тужениот делумно се усвои – со што, при преиначувањето на диспозитивот т.е. изреката на пресудата, дојде до мала корекција на сумата на име трошоци – имено, таа беше зголемена, па наместо првично досудените 280 ЕУР, таа сега изнесуваше 450 ЕУР, а не како што бараше адвокатот 725 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)