добитник м.

добитник (м.)

Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во тоа време, по неуспехот на востанието во Савоја, италијанскиот револуционер Гарибалди е во Јужна Америка каде ќе се бори за независноста на Рио Гранде и на Уругвај, Делакроа го оживува со цртежи Шекспировиот Хамлет, а во Македонија, по пет години од раѓањето на поетот Прличев добитник на првата награда во Атина за поемата Сердарот, негде на планината Бистра изгоруваат живи во плевна двајца стари иконописци заедно со голем иконостас за некој крушовски манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дванаесет години по раѓањето на Нобел, пронаоѓачот на динамитот, се раѓа Рендген, првиот добитник на Нобеловата награда; до денес „Х“-зраците не ја откриле тајната на човековата душа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Би го спомнал германскиот уметник Ханс Хаке (добитник на наградата за национален павилјон на минатото Венециско биенале), кој го посветил својот опус на константно разоткривање на врската меѓу уметноста и капиталот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова жири единствено во светот (првиот добитник на наградата постхумно е Антоан де Сент – Егзипери веднаш по војната) е сочинето од дваесетина амбасадори кои доделуваат годишно награда за најдобро дело на француски автор со историска содржина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се исплатуваа само мали суми, додека добитниците на големите премии беа непостоечки личности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се очекуваше да стапат добитниците, претставниците на лутите противници - Израел и Палестина, решени најпосле, по којзнае кој пат да се договорат за формулата на трајниот мир.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нека ги подучува нашите инженери Во подоцнежните работни средби во Тунис, по овој сигнал на претседателот Бургиба, Љубен Христов и неговата Хидротехника добија работа, се разбира на нов тендер, во висина од осум милиони долари за изведување на инфраструктурни објекти околу најновата брана на која работеше италјанската фирма, добитник на тендерот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Италијански драмски писател, романсиер, автор на бројни кратки раскази, поет и добитник на Нобеловата награда за литература во 1934 година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Добитник е на неколку руски книжевни награди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)