договори св.
договор м.

договори (св.)

Трајко го дочека Петка со раширени раце и веднаш се договорија кога да тргнат кај владиката да му ја однесат молбата со потписите од селаните за да го запопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа се договорија за таа ноќ, поприкажуваа и едно време дедо Ангеле стана да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Зошто сакаше да те убие?“ „Не знам“, одоговори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Така се договорија: попот да зборува за сите, а тие да потврдуваат или да откажуваат кога ќе ги праша нешто султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не можат да се договорат. Пак седат, молчат и мрзнат. - Добро, јас ќе ставам прв, - вели Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Се договоривме веќе - шибај сам.“ „Ти реков - ќе бидам на стража пред домот на највеличествените бројки на глобусот.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Акцијата ќе се изврши уште утринава. И како што беше договорено.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Беа десетина души соселани и постојано се држеа еден за друг, а сега се договорија и заминаа; една ноќ едвај се пробија меѓу некаква притаена германска тенковска колона.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ниеден цел трупец, мислеше, така се договоривме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Патем се договорија да ги чуваат во Петровата визба, зашто таа има прозорец и не е мемлива како на Мише.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Штом него ќе го ликвидира, ти веднаш ќе се префрлиш на неговото место и ќе го свртиш возот накај Голем Вис, како што се договоривме...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Тоа се случи, речиси, ненадејно. Додека се миеја утрото на потокот, Бојан и Денко се договорија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Цели три месеци го држаа во ќелија каде го најде Толе и се договори преку дупчето, кое беше нарочно провртено од стари затворници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа не се изненади дека го очекувавме и татко ми да дојде тука. Значи, сепак, има нешто договорено.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Важно е, вели Максим, да не дознаат Грчиштата што сме се договориле, дека ако не ни стигне до напролет одобрение за ѕидање црква, сами ние ќе отидеме во Стамбол и ќе го молиме Султанот лично тој да ни издаде одобрение.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На Солун! По три дена демонстрации, ни велат, дојдете да се договориме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Не се договоривме за така.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се помислија, помислија, се договорија нешто настрана и си заминаа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Баба ми се согласи и се договоривме заработувачката да ја делиме на половина, а во бизнисот да го вклучиме и дедо Борис, кој ќе ги наплатува влезниците.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ништо не се договоривме, одговори мајка ми, иако нејзе никој не ѝ се ни обрати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе