докрајчи (св.)
Јас не знам и не сакам да знам што би станало ако сето ова, ако не се докрајчат овие измачувања, овој...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Познато е дека Истанбул е милионски град, со вонредно живописна панорама, со море кое завлегло во неговите пазуви, што широки и тесни улички и сокаци со мермерни куќи и облакодери и со дрвени куќарки, град кој лежи на два континента, каде што најрелјефно се оцртале европското и ориентот, град со џамии и цркви и еврејски синагоги, сараите на турските падишаси и султани, со споменици на едно блескаво богатство, на еден раскош и пропаѓање на една петвековна империја, која ја докрајчил стариот и изнемоштен старец - султанот Решад...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Мајка ми, речиси докрајчена од последната рожба, го беше фатила стариот ритам на работа, па пак ги следеше бессоните ноќи на татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Само отпорот на козите, на козарите и вљубениците во козата, можат вистински да ја докрајчат суетата на имбецилните и деструктивни идеологии.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бидејќи смета дека свеста е централен ментален феномен, тој сака да отпочне едно сериозно испитување на свеста во нејзините рамки, и се обидува да ја докрајчи теоријата дека умот е некаков компјутерски програм давајќи предлози за преобразување на нашето проучување на менталните феномени на начин кој би ја оправдал надежта за повторно откривање на умот.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во некој вид волшебна наивност, критичкиот дух отсекогаш, вампирски го оживуваше својот „предмет“ кој сакаше да го докрајчи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бидејќи изложеноста на телото на такво оддолжено дејство на X-зраци доведува до масовни изгоретини и уништување на ткивото, и агонизирачка смрт освен ако човечкото експериментално животно едноставно не се докрајчи и со тоа стави крај на мизеријата.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Само телата на љубовниците остануваа видливи под блескотот на молњите, распрскани како паднати на бојно поле, неколку од нив стенкајќи и чекајќи галебите да ги докрајчат.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Проголтна и пак праша: - Така е, верни мои, ама момичката решила да ми го докрајчи срцево.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Подготвувајќи се за едно така страшно дело, кое ќе ја возбуди и вознемири Европа, подготвувајќи се за оној, за човекот вообичаен страшен чин - докрајчување на животот - гемиџиите работеле крајно конспиративно, трудејќи се до крај да останат анонимни.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Десет години ти ја носевме тежината, месата и коските, се извиткавме, се подгрбавевме од таа тежина, десет години ти ги носевме радостите и тагите, лудиот и порочниот живот, ти го носевме доброто и лошото, личното и грдото, треперевме на студови и дождови, одевме на свадби и погреби, на промоции и слави, а сега, во туѓа земја, во туѓ град да си ја докрајчиме живејачката, фрлени грдо, безмилосно, жално, срамно и позорно...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Навистина како ќе се однесувавте вие ако оценевте дека ве оцрнуваат и понижуваат, но со некои чудни, дури и ведри бои од кои посебно се издвојуваше онаа во која девојката изразуваше надеж дека нејзиниот прилог во дискусијата всушност е наменет да помогне а никако не да нагрдува и докрајчува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А останатото? Останатото ќе го докрајчат двајцата СС-овци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги докрајчуваш принесените жртви, привршуваш со ритуалот и ладнокрвно ја чекаш конобарката да ти донесе сметка, бомбончиња и влажни марамици.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Кога би се вратила долу, би ме докрајчиле спомените, би ме убил погледот од очите на тој што ми ја надена болката над сите болки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше прашање на ден кога истрошеното тело на Јана ќе ѝ подлегне на болеста, која како ловец беше спремна за последниот напад и докрајчувањето на пленот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)